Откако помогна да се освои светот, iPad 2 oди во пензија

во Хардвер

По 3 години продажба, Apple се одлучи да го пензионира уредот кој секако има значителна улога во доминацијата која ја имаaт таблет комјутерите на Apple. Станува збор за втората генерација на iPad, iPad 2, кој наскоро оди во заслужена пензија, јавува AppleInsider.

iPad 2 е еден од најпопуларните таблет компјутери кои ги прозведе Apple, а во еден период пред излегувањето на iPad Мini, дури 38 отсто од таблетите кој Apple ги има на пазарот беа токму iPad 2. Ова делумно е и поради тоа што iPad 2 со своето излегување беше толку подобар од првата верзија што компанијата веднаш го пензионира оригиналот. Во оваа насока е и намалувањето на продажбата на моделот кој досега е продаден во само 300.000 примероци. Според анализите, корисниците на iPad се одлучуваат или за таблетите со помали димензии или пак за таблет компјутерите со поквалитетен екран. iPad 2 со своете излегување за прв пат доаѓаше во бела и црна боја, а за првпат беше искористена и покривката по која е препознатлив, и е првиот таблет компјутер од Apple кој покрај задната доаѓа и со предна камера.

[youtube]k1aKUcIU2kk[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk