Питер Тиел има стотици милиони долари во bitcoin. Инвестицискиот фонд Founders Fund, купил биткоини во вредност помеѓу 15 и 20 милиони долари. Сега цената на овие крипто-валути се проценува на стотици милиони долари, пренесе Wall Street Journal (потребна е претплата).
Проценката е дека биткоин делот за инвестиции на фондот е најголем од 1.3 милијарди „тешкиот“ фонд.
Сепак, иако ова е одлична инвестиција, г. Тиел има и поголема мотивација за собирањето на биткоини. Тој на крипто-валутата гледа како на остварување на сонот на PayPal. Амбицијата на сервисот беше да стане нова светска валута. PayPal оригинално имал слични желби и замисли како и децентрализираните валути.
„PayPal им овозможува на жителите од целиот свет подиректна контрола отколку што имале претходно. Речиси е невозможно корумпирани влади да ги украдат парите на луѓето, бидејќи можат да ги заменат во долари, фунти или јени, истовремено менувајќи ја локалната безвредна валута за нешто повредно“, потсетува Quartz.
Токму ветувањето дека биткоин ќе успее во она што не успеа да го направи PayPal, е едно од најголемите предности. Иако се чини дека и самиот г. Тиел не смета дека биткоин може да стане платежно средство, но би можел да стане дигитална форма на злато.
Интересно е што самата објава за инвестирањето на г. Тиел во биткоин придонесе за раст на криптовалутата од над 13%.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.