Основачот на Hewlett-Packard немал познавање од компјутери, открива писмо од 1956-та

2 коментари 2 мин. читање

Hewlett-Packard е една од најголемите компании за информатички технологии во светот, а, интересно, еден од основачите Бил Хјулет, во допис од 1956-та до тогашниот проректор на факултетот Стенфорд, има изјавено дека нема никакво познавање на компјутери.

„Јас немам никакво знаење за компјутери ниту пак некој од нашата организација има добро познавање.“, пишал г. Хјулет.

Фредерик Терман, човекот кој се смета за татко на Силиконската долина, во 1956 бил во советничкиот одбор за комуникација при американската војска, и кога било побарано од него да најде компјутер за истражувачки цели, тој се обратил на Бил Хјулет. Во тоа време Hewlett-Packard се занимавале со производство на електронска опрема за тестирање и оттука немале никакво познавање од компјутери. Бил Хјулет не бил свесен дека за 10 години од тогаш Hewlett-Packard ќе влезе во бизнисот со компјутери и ќе прави огромен профит.

Hewlett-Packard влегува на пазарот на компјутери во 1966 година со серијата миникомпјутери HP 2100. Оваа серија ќе биде произведувана се до раните деведесети од минатиот век. Првиот модел од оваа серија, а воедно и првиот компјутер на HP, е 16 битниот 2116А. Овој компјутер имал само 68 инструкции кои се извршувале во еден мемориски циклус (1.6 микросекунди). Компјутерот 2116 А е создаден од HP дивизијата Dymec која на почеток произведуваше компоненти за производните дивизии на HP, за потоа да тестира употреба на миникомпјутери како контролори на инструменти. 2116А ќе послужи како основа за подоцнежните HP десктоп калкулатори и компјутери.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top