Oсновачот на фондацијата Bitcoin ќе оди во затвор заради илегална трговија на Silk Road

Чарли Шрем, поранешен член на одборот на Bitcoin Foundation, е осуден на две годишна затворска казна поради инволвирање во нелегалната трговија на интернет. Тој е казнет бидејќи неговиот сервис BitInstant им нудел услуги на купувачите на илегална роба од црниот онлајн пазар Silk Road.

Според зборовите на г.Шрем тој и неговите партнери размениле биткоини во вредност од 1 милион долари. Обвинението против г.Шрем е за перење на пари преку биткоин трансакции. Обвинителството тврдеше дека г. Шрем и неговите партнери знаеле дека овие пари ќе се користат за купување на опојни супстаници од Silk Road, јави Ars Technica.

„Зафркнав. Bitcoin заедницата е исплашена и нема повеќе перење на пари. Преплашени се. Bitcoin е мое бебе, целиот мој живот и целиот мој свет, за тоа сум донесен на земјата. Морам да бидам таму. Доколку вашата висост ми дозволи можам да бидам надвор и да се погрижам никој да не ја направи истата глупост како мене“, вели г. Шрем.

И покрај молбата, судијата сепак се одлучи за затворска казна. Сепак со оглед на тоа дека обвинителот бараше 6 годишна казна, а за делото може да се досуди и максимална 30 годишна казна, г. Шрем може да биде задоволен.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments