Осмата верзија на PeaZip значително ја подобрува работата со компресирани податоци

Со PeaZip се дружиме од седмата верзија. Ова е исклучително моќна алатка за компресија која ви дозволува работа со 218 формати, никако неисклучувајќи ги и ZIP, RAR, и 7z. Неодамна излезе осмата верзија која се труди да ја продолжи истата мисија за лесно и ефикасно справување со компресирани податоци.

Со PeaZip 8 конечно можете да изберете што да се случи кога двојно ќе кликнете на некоја архива. Имено, можете да изберете да се отвара преку алатката и да ги прикаже податоците во неа, но сега можете и да изберете автоматски да се направи екстракција на податоците во фолдер до самата архива, што значително го забрзува процесот.

Паралелно со ова, значително полесно можете да прегледувате и подредувате податоци според имињата, видот, и големината. Исто така, секојпат кога ќе повлечете некоја архива врз PeaZip, автоматски ќе се отвори истата, без да се бара, како претходно, да кликнувате на ОК.

PeaZip ги шифрира вашите датотеки со лозинка од 12 карактери (претходната верзија беше до 8 карактери). Сега можете и да изберете автоматски да ви се создаде безбедна лозинка.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk