{mosimage}Taskbar Shuffle е мала, но доста корисна апликација која работи во позадината на системот и овозможува инстантно преуредување на отворените програми во таскбарот, а со последната верзија е овозможено и преуредување на оние мали икони истакнати кај часовникот. Бесплатниот Tasbkar Shuffle ќе ви помогне да заборавите на сите оние фрустрации кои ги добивате од хаотично подредените минимизирани прозорци во таскбарот…
Програмот кој нема никаков интерфејс, освен прозорец за опции, работи одлично, не одзема воопшто од ресурсите и е навистина корисен за организација на работната околина.
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}
Во опциите на програмата можете да сетирате автоматско стартување на програмот, групирање на слични прозорци, прикажување на икона и сл. Прозорецот со опции изгледа вака:
{mosimage}
Последната верзија на програмот е стабилна и засега нема никакви сериозни грешки. Taskbar Shuffle е програм за Windows оперативниот систем и работи и на Vista. Искрено не знам зошто оваа функција досега не е вградена во самиот Windows, колку за споредба вградена е во Mac OS X и некои Linux дистрибуции…
Taskbar Shuffle е достапен за преземање на следниов линк и инсталацијата тежи само околу 630 кб.






