4 коментари 1 мин. читање

Општество за 5-то стана хит на друштвените мрежи

Учебникот беше растргнат од медиумите заради пропусти во содржината, стана идеја за креативни шеги и критики на друштвените мрежи, па Министерството мораше да најави дека ќе ја препечати спорната страна од делот за културата.

Но… грешка е да се мисли дека проблемот е само во една спорна страна.

Целиот учебник „Општество“ за 5-то е многу лошо дизајниран (на веб изгледа полошо отколку ако го симнете .pdf фајлот, а се сомневам дека печатен би изгледал подобро). Не се искористени македонските фонтови на МИО, а сликите се приказна за себе бидејќи дел од нив се сретнуваат на Google Image Search, oд каде претпоставувам се превземени. Некои слики содржат и англиски зборови. Споредено со другите учебници, „Општество за 5-то“ е катастрофа!

Клетва: Да даде Господ детето да ти понавља 5то одделение! #ucebnikThu Aug 12 22:46:12 via TweetDeck

Тоа што е единствено позитивно и интересно во учебникот е што сега како референци се пишуваат сајтови со релевантни информации т.е има „Иди види на:“ дел со линкови.

Што се однесува до шегите и критиките, подолу се тагираните со #ucebnik твитови. Twitter, бидејќи е јавен сервис, дозволува да се групираат мислења без нарушување на приватноста, но верувам дека и на Facebook може да се најдат интересни мислења на темава.


Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top