Кинескиот производител Oppo го претстави Find 7, првиот телефон со кој може да сликате фотографии со резолуција 50 мегапиксели. Камерата на телефонот е 13 МР, што покажува дека резолуцијата од 50 МР е софтверска. Сепак и покрај ова, првите споделени фотографии изгледаат навистина имресивно, известува Engadget. Find 7 доаѓа со Pure Image 2.0 процесор на слики, кој овозможува супер зум. При фотографирањето телефонот прави 10 слики во лраток интерва, од кои ги одбира четирите најдобри слики и ги комбинира во една 50МР фотографија со 8.160х6.120 и голмина од околу 10МВ. Освен ова камерата на Find 7 овозможува снимање на 4К видео при 30 fps, забавено снимање 100 fps, експозиции до 32 секунди и RAW мод.
Find 7 доаѓа во две верзии, поексклузивната доаѓа со 5,5 инчен екран со резолуција од 2.560 х 1.440 и 538 ppi. Процесорот е Snapdragon 801, ima 3GB RAM, 32 GB слободен простор и 3000 mAh батерија. Поевтината верзија е со 1080р екран, Snapdragon 800, 2 GB RAM и 16 GB слободен простор. Двете варијанти овозможуваат надградба на слободниот простор со microSD картички од 128 МВ. Tелефонот доаѓа технологија за ултра брзо полнење која овозможува полнење од 0 до 75 отсто од капацитетот на батеријата за 30 минути. Цената на двете верзии на Find 7 е 600 и 500 долари.
[youtube]iZIJlWGHU40[/youtube]

Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.