Опасноста од беспилотните летала ќе продолжи, вели поранешна пилотка

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Годината заврши со презентации како ќе се користат беспилотните летала за комерцијални цели, кои јавноста заборава дека се користат за убивање на луѓе во една модерна автоматизирана војна. Беспилотните летала минатата година беа една од најдискутираните теми токму заради прашањата како „Што се случува со беспилотните летала и дали е етичка нивната примена?“, кои сè уште не се одговорени. Најголемиот проблем, вели поранешната пилотка на дронови во американската војска, Хедер Линебау, во својот текст во Guardian, е што всушност огромен број на релевантни податоци се држат подалеку од очите на јавноста, како податокот дека илјадници цивили се загинати во нападите на беспилотните летала само поради неусовршената технологија.

„Британската армија и Војската на САД инсистираат дека ова е експертска програма, но интересно е што чувствуваат потреба да објавуваат погрешни или никакви информации за смртта на цивилите и испревртени технолошки извештаи за можностите на беспилотните летала. Овие инциденти не се изолирани, а смртта на цивилите не е променета, без разлика на тоа што ни го кажуваат претставниците на одбраната.“

Во својот текст г. Линебау објаснува дека најчесто квалитетот на сликата е толку лош што не се гледа дали некој има оружје во рацете или алатка. Дури и во совршени услови сепак конечната одлука за нападот ја прават луѓе кој ги управуваат беспилотните летала и ги анализираат податоците од теренот. „Го знам ова бидејќи бев дел од нив и ништо не може да ве подготви за одговорноста да секојдневната рутина за летање на борбени беспилотни летала“, вели таа. Поддржувачите на беспилотните летала тврдат дека војниците кои го прават ова не се засегнати со секојдневното сведоштво на воените зони затоа што не се во директна опасност.

Беспилотните летала и покрај тоа што се најавувани како првенствено дефанзивна алатка сепак се само „поголема пушка од твојата“. Армиите ги користат се повеќе во офанзивна улога, а нивните оператори можеби не се во физичка опасност, но за психичките последици од секојдневните летови, сепак не може да не подготви никаков тренинг.

„Беспилотните летала кои се користат на Средниот Исток се користат како оружје, не за заштита, и се додека јавноста не знае за ова, тие ќе бидат сериозна опасноста за човечкиот живот – дома и на туѓа почва – и во идннина“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments