Онлајн профил наместо CV

во Свет

{mosimage}Еден од пет работодавачи користи сајтови за друштвено вмрежување за да дознае повеќе информации за своите потенцијални вработени. Ова беше истакнато во истражување направено на сајтот за онлајн регрутирање, CareerBuilder.com. Дури 22% од анкетираните 3,169 работодавачи ја корисат оваа метода при донесување на одлуки кого да вработат.

Со помош на прегледувањето на онлајн профилите кои кандидатите за работна позиција ги имаат на разните друштвени мрежи, работодавачите можат да заклучат за каква личност станува збор и дали истата би била соодветна како вработен во компанијата. Работите на кои работодавачите се концентрираат при прегледувањето на профилите се објавените слики, коментарите на сајтовите и разните други делови од друштвените мрежи.

Доколку постојат слики каде што кандидатот е во пијана состојба, работодавачот многу лесно може да го завземе ставот дека кандитатот многу често конзумира алкохол и дека тоа може да му наштети на продуктивноста во компанијата. Со следење на коментарите оставени од страна на кандидатот, работодавачите можат да заклучат дали тој има навика да ги оговара сегашните или поранешните вработени, да зборува за својата работа или пак да ги открива разните начини на кој функционира компанијата.

Дополнителни 9% од анкетираните се изјасниле дека засега не користат такви начини за добивање дополнителни информации, но наскоро планираат да започнат. Работодавачите најчесто ги користат популарните друштвени мрежи како MySpace, Facebook и сајтот чија цел е создавање на онлајн CV-а, LinkedIn.

Сајтот кој стои позади ова истражување, базирајќи се на резултатите, на сите лица кои бараат работа им советува да ја намалат употребата на друштвени мрежи или да ја ограничат со помош на разни алатки за зачувување на приватноста, да не објавуваат слики кои можат да им влијаат лошо на репутацијата и да ги избришат сите вулгарни коментари кои можат да се пронајдат на нивниот профил.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments