Одлични вести за љубителите на Толкин, Amazon најави нова серија

0 коментари 1 мин. читање

Amazon објави дека ги купува телевизиските права за Господарот на прстените од Џ. Р. Р. Толкин. Веќе од поодамна се шпекулира дека компанијaта ќе работи на серија, а ова е само подврда на шпекулациите.

Она што беше непознато, е кој дел од приказната ќе биде покриен во серијата. Најголем дел од фановите не беа воодушевени од серија која би била обработка на филмот, а се чини дека сега може да здивнат. Серијата ќе ги опфаќа настаните во периодот пред Господарот на прстените. Веќе е јасно дека ќе бидат снимени неколку сезони од серијата.

Добра вест е дека Amazon ги има правата и на Силмарилион и дека можеби во потрага по приказни ќе искористат и од овој материјал.

„Воодушевени сме што Amazon кој има долгогодишна посветеност кон литературата е дом на првата мултисезонска серија за Господарот на прстените“, вели Мет Галсор, претставник на Tolkien Estate.

Серијата ќе биде достапна за сите корисници на Amazon Prime.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед