Oculus на Connect конференцијата ja претстави новaта серија на Rift уредите за виртуелна реалност. Crescent Bay е име на новиот верзија која овозможува следење на позицијата на главата од 360-степени, интегрирани слушалки, поголем број фрејмови и намалена тежина, јави TechCrunch. Најголем напредок на новата верзија се забележува кај звукот, за кој Oculus тврди наскоро ќе до достигне квалитетот на визуелниот квалитет кој го нуди уредот. За ова од компанијата ја имплементираше RealSpace3D технологијата развиена од Универзитетот Мериленд.
„Најдобриот дел на прототипот е колку брзо и прецизно ги следи движењата. Во еден дел од демото бев во соба со огледала со маска која ги следи движењата. Без разлика колку брзо се вртев не можев да збележам доцнење на маската. Следењето на движењето секој пат беше синхронизирано“.
Oculus објави дека е започната соработка со Unity со што Oculus ќе добие официјална подршка за Unity3D и Unity3D Pro. Дополнително Oculus Platform ќе биде продолжение на соработката со Samsung и ќе овозможи дополнителна поддршка за девелоперите чии избор е Samsung Gear VR. Oculus Platform останува поширок проект кој нуди поддршка за iOS, Android, Windows Phone, Chrome, Safari, Internet Explorer и Mozilla Firefox.
Претседателот на Oculus, Брендан Ирибе, откри дека во Oculus гледаат на виртуелна реалност поделена во две категории, компјутери кои ќе го нудат најдоброто можно искуство чии можности ќе креираат неверојатни и веродостојни светови и мобилна платформа која ќе овозможи виртуелната реалност да биде достапна до поголема публика. Дополнително Oculus DK1 сега е отворен, а целата технологија е споделена на GitHub.







