Образовниот проектот ЕДУИНО и понатаму функционира и нуди бројни ресурси за учениците и наставниците

Учењето од далечина можеби е зад нас, но не и проектот ЕДУИНО. Осмислен и реализиран во екот на пандемијата, ЕДУИНО е онлајн платформа преку која и учениците и наставниците добиваат пристап до ресурси од најразличен карактер, почнувајќи со игри и активности, движејќи низ корисни материјали, и завршувајќи со цели лекции по најразлични предмети.

Клучната цел на ЕДУИНО е Е-Училницата. Преку неа, доаѓате до пристап на материјали за:

Со посетување на која било од овие категории, добивате соодветен прирачник, како и бројни видео материјали кои се прилагодени според одредена годишна возраст за учениците, или категорија како математика, јазик, наука, и слично. Секој од видео материјалите нуди дополнителни информации за природата на часот, времетраењето и препорачаната годишна возраст.

Одделот за основно и средно образование е значително поимресивен и нуди повеќе материјали, што е и подразбирливо. Ресурсите се сервираат во зависност од одделението, полугодието, и предметите, па дури според редоследот на наставните недели, што знае да биде корисно при тековно следење на училишната година. Импресионирани од едноставниот, но функционален дизајн, никако не бевме рамнодушни и на паметната поставеност на клучните елементи и филтри. Како резултат, прелистувачкото искуство е пријатно, брзо и ефикасно.

Ресурси за личен раст и развој

Ова е уште еден оддел кој би сакале да го истакнеме и на родителите и на класните раководители. Во Ресурси за личен раст и развој имате на располагање корисни видеа и отворени ресурси за личен раст и развој, соодветно осмислени и наменети и за децава и за тинејџерите.

ЕДУИНО ВЕБИНАРИ

Како нареден корисен оддел, особено за наставниците е одделот за Вебинари. На располагање имате богата ризница од видео предавања од експерти, полни со практични совети, алатки и новитети во областа на образованието. Доколку би сакале подлабоко да се запознаете со одредени наставни процеси, како и да се здобиете со корисни вештини при комуникација со учениците или пак при поефикасно држење часови со дополнителни алатки, дефинитивно проверете го и овој дел!

Активности и игри во домашни услови

Како за крај, би ве советувале да го посетите и делот за бројни активности и игри за деца од 3 до 10 години. Сите активности се пропратени со детални и корисни објаснувања и со наведен начин на реализација. За поефикасна подготовка, бројните игри и активности се пропратени со соодветни фотографии и видео материјали, како и упатства за инсталација и играње.

Квалитетно и содржително

Кога ќе се земе се во предвид, Едуино е корисен и богат вебсајт и вистинска ризница од знаења, со бројни алатки и совети за позабавно и поинтересно одржување на часовите. Од една страна, учениците ја имаат уникатната можност да поминат низ одредена материја така што ќе слушат предавање на некој друг предавач, а наставниците ќе можат да научат нешто корисно од некој реномиран експерт. Ова, нам ни се ова чини како ситуација во која секој добива нешто, а никој ништо не губи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk