Во случај да секојдневно работите со .pdf документи, тогаш знаете дека форматот може да фрустрира онолку колку и што е корисен. PDF Shaper е солидна алатка која е замислена да ги исфрли фрустрирачкиот дел од справувањето со PDF документи. По преземање и инсталирање, можете да започнете со делење документ на неколку помали или спојување неколку помали документи во еден поголем (spit или merge). Дополнително, можете да ротирате или отсекувате страни (rotate или crop), да извлекувате текст или фотографии (extract text или photo), да ја менувате метадатата (edit metadata), да прилепувате водени жигови (watermarks) или пак да конвертирате PDF документи во JPEG слики (и обратно!). Кога сме кон конверзија, лесно ќе можете и да преточите одреден .pdf или .jpeg документ во текстуална форма.
Најновата, деветта верзија на PDF Shaper се одликува со целосно нов интерфејс кој е значително попрегледен и попаметно организиран. Графичкото и функционалното освежување е очигледно независно од процесот кој сакате да го започнете. Покрај бесплатната верзија, PDF Shaper се испорачува и во две платежни форми, односно професионална и премиум верзија. Доколку се одлучите да одите со некоја од овие две, ќе добиете и нови алатка како PDF to PDF, како и можности за вметнување страни, или нивна распределба низ документот.