Објавите од Русија само на Facebook стасаа до 126 милиони Американци

во Вести

Најголемата друштвена мрежа излезе со податок дека објавите од руските профили стасале до 126 милиони Американци.

Компаниите претходно објавуваа бројки, пред се како суми кои биле плаќани за реклами. Тогаш не изгледаше дека би можеле сериозно да влијаат на изборите. Facebook објави дека за рекламите се платени 100.000 долари, тоа и не изгледаше премногу. Сепак бројката од 126 милиони Американци до кои допреле овие објави не е малку. Се проценува дека САД имаат 323 милиони жители, па објавите можеби ги виделе околу 40% од Американците.

Новата бројка од 126 милиони Американци е 10 пати повисока од претходната, која беше околу 10 милиони.

Постовите се објавени од јуни 2015 година до август 2017 година. Од ова 80.000 постови се објавени во периодот на изборите во САД. Првично преку овие објави се таргетирани 29 милиони Американци, а понатаму со споделувања и лајкови, оваа бројка можеби стигнала до 126 милиони читатели, вели друштвената мрежа.  Најголем дел од овие вести доаѓаат од 200 профили и страници кои потекнуваат од Русија. Една од 23.000 објави потекнувала од овие профили.

Пораките кои се споделуваат преку овие содржини, главно предизвикуваат раздор кај населението. Целта не е да се поддржи одредена група, туку да се антагонизираат граѓаните. Постовите кои се спонзорирани се на различни теми. Дел од нив се однесуваат на ЛГБТ, прашања за расите, правото на абортус, имиграција и право за носење оружје. Американската јавност е поделена на овие теми.

„Овие акции се спротивни на мисијата на Facebook за изградба на заедница, и сè за што се залагме. Одлучени сме да направиме сè што можеме за да ја отстраниме оваа закана“, вели Колин Стреч за Reuters..

Ако бројката на зафатени корисници од Facebook е неколку пати поголема од првите најави, со Google ситуацијата е спротивна. Компанијата објави дека пронајде само два профили поврзани со руските трол фарми (Internet Research Agency). Од овие два профили за рекламирање се потрошени 4.700 долари.

Што се однесува до YouTube и тука ситуацијата не е премногу различна. Од 18 канали се споделени 1.108 видеа кои имаат 309.000 прегледи. Најголем дел од видеата имаат помалку од 5.000 прегледи.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] дека сепак е до мал број корисници. Вo споредба со 140 милиони кои претходно ги пријави  Facebook, оваа бројка навистина […]

ит кариера

ATIS Software Factory

Magento Developer

АПГРЕИТ МК ДООЕЛ

Product Owner

Концептива

2D Game developer – Unity

види ги сите огласи на kariera.it.mk