{mosimage}Mozilla објави нова верзија на Firefox, како одговор на неколкуте откриени безбедносни пропусти во прелистувачот, од кои шест беа оценети како критични. Mozilla информираше дека најсериозните ранливости кои се поправени во верзијата 3.0.7, оставаа можност на евентуалните напаѓачи да предизвикаат извршување на одреден злонамерен код на компјутерот на жртвата.
Од Mozilla изјавуваат дека не се сигурни дека пропустите поврзани со дизајнот и JavaScript, може да бидат злоупотребени. Со новата верзија на Firefox, поправени се и неколку помалку опасни безбедносни грешки и багови поврзани стабилноста.
{mosimage}
Надоградбите за Windows, Mac OS X и Linux се достапни на сајтот на Mozilla. Корисниците на Firefox 3 ќе добијат известување за надоградбата во рок од 48 часа, или пак можат самите да ја симнат надоградбата преку опцијата ‘Check for Updates’ од Help менито. Надоградбата беше објавена вчера, еден ден откако Opera објави нова верзија од нивниот софтвер.
Надоградбата која патем е втора во оваа година, доаѓа во период кога Firefox продолжува да ја намалува доминацијата на Internet Explorer на пазарот на интернет прелистувачи. Mozilla моментално поседува 21.77% од глобалниот пазар на прелистувачи, споредено со Internet Explorer кој сега поседува 67.44%, и бележи пад од повеќе од седум проценти во оваа година.