nVidia ја претстави dual-GPU GeForce GTX 690

Како и што се очекуваше наскоро по претставувањетото на GTX 600 серијата nVidia ја претстави и најдобрата графичка картичка од серијата – моделот GTX 690. Оваа картичка за првпат ја претставија во Шангај на LAN/nVidia фестивалот. Како и сите останати припадници на 600 серијата и овде е искористена 28nm Kepler архитектура.

GTX 690 има два GK104 графички процесори и според nVidia, перформансите се еднакви со две GTX 680 картички поврзани во SLI. Покрај двата процесори составени од (2х1536) CUDA јадра, картичката има и 256 единици за обработка на текстурите, а со замена на NF200 со PEX 874x, GTX 690 е целосно подготвена за PCIe 3.0 слотовите.

На јадрата им се доделени 2 GB GDDR5 кој со процесорите комуницираат преку 256 битна магистрала. Со цел да се задржи потрошувачката на каричките на 300W, работната фрекфенција на јадрата е помала од таа на GTX 680 и e 915 MHz. Изгледа неверојатно но GTX 690 е поштедлива графичка карта од претходникот од минатата серија GTX 590 кој троши 365W, ова пред се се должи на Kepler архитектурата, а повторно според Nvidia, GTX 690 ќе троши помалку, а и ќе биде и помалку бучна од SLI поврзаните GTX 680. Очекувано цената е висока но сепак не премногу, бидејќи 999 долари за ова картичка е исто како и за цената на две GTX 680.

Официјално GTX 690 ќе биде достапна од 3 Мај мо во ограничени количини.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments