0 коментари 2 мин. читање 26 февруари, 2013

Nvidia го претстави импресивниот мобилен процесор Tegra 4i

На Mobile World Congress во Барселона, Nvidia ги презентираше некои од можностите на својот паметен телефон Phoenix, а преку него и дел импресивните гејминг перформанси на новата генерација на мобилни процесори Tegra 4i.

Phoenix има 5 инчен екран, со резолуција од 1080р но и капацитет да репродуцира видео со овој квалитет. Камерата која е интегрирана во телефонот е 13MP, a новиот процесор има 60-јадра и е два пати побрз од претходникот Tegra 3. Импресивно изгледа и репродуцираната 3Д-графика што ќе овоможи се поквалитетни игри да се изработуваат и за паметните телефони. Покрај ова поради измените во Tegra, Phoenix е тенок само 8mm.

[youtube]6c595HAUYdQ[/youtube]

Новиот процесор од Nvidia е навистина брз, според бенчмарк тестовите на Gsmarena, Tegra 4 е далеку пред конкуренцијата. Можноста кога нема потреба од премногу пресметки телефонот да работи на помошното јадро, го продолжува трењето на батеријата. За жал, Nvidia нема произведено целосно функционален модел на Phoenix, но ќе биде интересно да видиме каков ќе биде финалниот продукт, посебно ако се знае дека иконкуренцијата не седи мирна. Samsung веќе го подготвува Exynos 5 Octa, а Qualcomm работи на Snapdragon 800.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top