0 коментари 2 мин. читање 2 септември, 2013

NSA ја шпионирала комуникацијата на арапската телевизија Аl Jazeera

Според најновите доверливи документи кои ги достави поранешниот аналитичар на CIA, Едвард Сноуден, до Der Spiegel, Националната агенција за безбедност на САД (NSA) го хакирале комуникацискиот канал на Аl Jazeera. Ова е уште еден интернационален инцидент во кој е вклучена NSA. Претходно од тајните документи кои ги објави г. Сноуден, се дозна дека NSA ги прислушувала и Обединетите нации и Европската Унија.

Причината поради која тие ја следеле внатрешната комуникација на Аl Jazeera не е позната, но се вели дека од агенцијата пристапиле до комуникациите со неколку „интересни цели“. Aрапската телевизија Аl Jazeera е позната по своето објавувањето на аудио и видео пораките од Алкаеда за повеќе од 10 години, како и на интензивно покривање на настаните од Арапската пролет кои се случија во неколку земји во Блискиот Исток

Во еден од документите кој датува од 23 март, 2006 година, се вели дека шпионажата била успешна, но не укажува точно кои информации биле добиени од изворите на Аl Jazeera. Не е познато дали вработените, новинарите или менаџерите на медиумот биле шпионирани, но во извештајот се вели дека доколку информациите биле енкриптирани, тогаш тие биле доставани во седиштето на NSA за да бидат декриптирани.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top