Новите Broadwell процесори ќе донесат потенки лаптопи со подобра батерија

во Хардвер

Intel и официјално на CES 2015 ја претстави петтата генерација на Core процесори, кои покрај подобрите перформанси ќе понудат и подолго траење на батеријата. Новите Broadwell процесори доаѓаат со најава за намалена потрошувачка од 20 до 30 отсто во однос на Haswell, a oсновниот процесор доаѓа со потрошувачка од 15W и ќе овозможи гледање на видео 90 минути подолго од претходната серија. Според Intel, батеријата на лаптопи со Broadwell процесори ќе држи и до 1,5 часа повеќе од лаптопите со четвртата генерација на Haswell процесори.

[youtube]KeDtXucTwRI[/youtube]

Освен што Broadwell процесорите ќе понудат потенки лаптопи со подолги батерии, ќе понудат и 22 отсто подобрени графички перформанси, иако, според Verge, не треба да очекувате дека ќе има значително подобри перформанси. Станува збор за надградба која првенствено ги прави процесорите поштедливи кога е во прашање електричната енергија, но не е „the next big thing“ кога е во прашање гејмингот.

Broadwell сепак доаѓа со интересни новини како технологии на Intel за отстранување на каблите и портовите, како Intel Wireless Display технологија што поддржува и 4K видео; а вклучуваат и технологии како RealSense со која може да се помести фокусот на фотографиите и ќе има гласовен асистент на Intel.

Intel најави 14 нови i3, i5 и i7 процесори, но има и нови Celeron и Pentium процесори. Првите уреди со новите процесори би требало да ги видиме наскоро, иако Intel не потенцираше одреден датум. Новите процесори се наменети за десктоп компјутерите, иако Intel уште пред половина година ги претстави Broadwell Core M процесорите наменети за хибридни уреди и таблет компјутери.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk