Новиот Surface на Microsoft е вистински убавец

Microsoft го најави новиот лаптоп, под неинвентивното име, Surface Laptop. Компанијата со овој уред ќе се обиде да го освои Chromebook пазарот. Иако новиот лаптоп е преубав, ова нема да биде едноставно со оглед на тоа дека чини 1000 долари. Заедно со лаптопот доаѓа и нова полесна верзија на оперативниот систем Windows 10 S. Добра вест е дека до излегување на оперативниот систем ќе има и нови лаптопи кои ќе доаѓаат и за цени од 190 долари. Цената на Surface Laptop e превиска за Chromebook, но сосем е конкурентна со MacBook.

Surface Laptop е 13.5-инчен лаптоп кој доаѓа со седма генерација на Intel процесори. Изборот на процесор е помеѓу i5 и i7. Лаптопот е 50% побрз од MacBook Air, тврди Панос Панај од Microsoft. Лаптопот доаѓа со: помеѓу 4 и 16 GB RAM; 128, 256 или 512 GB SSD и интегрирана графичка Intel HD Graphics 620 или Intel HD Graphics 640. Можеби најимпресивен дел од целиот уред е батеријата, за која Microsoft, тврди дека може да издржи 14.5 часа помеѓу полнења.

Новата верзија на Windows 10, која доаѓа со наставката S е полесна верзија на оперативниот систем, наменета за образовните институции. Разлика во изгледот помеѓу оперативните системи не постои, но има ограничување во работите кои може да ги преземете, јави Business Insider. Корисниците можат да преземаат апликации единствено од Windows Store, но за образовна намена за која Microsoft и го рекламира овој компјутер, ова е сосем доволно.

Лаптопот излегува на 15 јуни. Најевтината верзија на Surface Laptop доаѓа со i5, 4GB RAM и 128 GB SSD.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk