0 коментари 2 мин. читање 6 јуни, 2017

Новиот iMac Pro e најмоќниот компјутер од Apple

Иако хардверот не беше примарен фокус на WWDC конференцијата на Apple, компанијата сепак претстави надградби на дел компјутерите. За iMac Pro оваа надградба доаѓа по подолг период. Новиот уред е најмоќниот компјутер од Apple.

iMac Pro доаѓа со нов процесор кој има можност за надградба до 22 терафлопи (half precision) или 11 терафлопи (full precision). Компјутерот има простор за 128 GB RAM меморија и 4 TB слободен простор. Овој простор може да биде во целост SSD. Компјутерот доаѓа со 27 инчен 5К дисплеј. Процесорот кој го овозможува ова е 18-јадрен Xeon, а во новиот iMac Pro ќе бидат вградени новите Vega графички картички од Radeon. За сите корисници за кои 18-јадрен Xeon е премногу, Apple предвиде и послаби Kaby Lake процесори.

Apple има направено многу подобрувања во новиот компјутер. Дел од ова и не е во листата на хардверот. Новото систем ладење овозможува поефикасно ладење, а два вентилатори заедно го ладат целиот компјутер. Apple ги препорачува компјутерот за сите кои работат на вештачка интелигенција, виртуелна реалност и 3д-рендерирање.

Ниту порано, ниту сега iMac Pro не е евтин компјутер. Цената започнува од 5000 долари, а компјутерот започнува со продажба во декември.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top