Microsoft ќе претстави надградба на своите уреди на 2 октомври. На настанот на кој компанијата ќе ги претстави надградбите не се очекува нов уред туку само надградба на хардверот на постоечките уреди.
Веројатно Surface Laptop, Surface Pro и Surface Book 2 ќе добијат процесори од нова генерација. Само еден ден порано Intel ќе претстави нова генерација на процесори, но секако 9-та генерација на процесори нема да доаѓа во новите Surface уреди. Кандидат за надградба е и Surface Studio, а тука веќе може да биде претставена и надградба на графичките картички, вели Ars Technica. Засега, додека не дојде официјална потврда од Microsoft, станува збор единствено за претпоставки и шпекулации.
Очекувањата се дека најголема надградба ќе доживее најпопуларниот уред на компанијата Surface Pro. Microsoft подолго работи на редизајн на уредот, но најверојатно нема да биде достапен до следната година, јави Verge.
Недамна излезе и вест за нов преносен Surface уред кој би можел да ги замени Microsoft телефоните, но барем засега нема ниту шпекулации дека уредот ќе биде дел од претставените.
Настанот кој го организира Microsoft ќе биде во интересен период помеѓу претставувањата на новите уреди на Apple и Google. Apple својот настан го има оваа недела, а Google ќе ги претстави следните уреди на 9 октомври.