Новата надградба на мапите на Google има за цел да го поедностави користењето на апликацијата за најкорисните информации. Секако кога зборуваме за најкорисни функционалности мислиме на состојбата со локалниот сообраќај и јавниот превоз.
Функционалностите се споени во нов дел „commutes“ (превоз) и тука може да ја видиме состојбата со патиштата. Секако доколку ги имате вклучено нотификациите податоците за јавен превоз ќе пристигаат редовно.
Лоша вест е дека барем засега новитетот ќе биде достапен единствено за 80 градови.
Градовите кои имаат евиденција за бројот на седишта во автобусите на пример ќе ја имаат и оваа информација на мапата. Пример за ова е јавниот превоз во Сиднеј каде ќе биде прикажано колку се полни автобусите и возовите.
За крај како што вели Google, ако веќе мора да сте заглавени во превоз – слушајте си музика. Директно во апликација ќе бидат достапни и Spotify, Apple Music или Google Play Music.