Новата адреса на Facebook е 1 Hacker Way

Во февруари Facebook реши да ја почне реконструкцијата и уредувањето на поранешните канцеларии на компанијата Sun Microsystems кои имаат капацитет и простор за 3.600 вработени. Новата централна адреса на улицата каде што е лоцирана компанија е 1 Hacker Way, додека нивниот правен оддел е лоциран на 18 Hacker way.

Американските закони им дозволуваат на компаниите за одредена сума да побараат од градските совети менување на името на адресата каде што се наоѓаат, во процесот не станува збор за прекрстување на името на улицата, туку едноставно добивање на своја зона.

Многу компании во Силиконската долина го практикуваат ова чисто заради забава и мотивација на вработените, а дел од компаниите со свои адреси се:

  • AOL – 22000 AOL Way
  • American Physical Society – 1 Physics Ellipse
  • Apple – 1 Infinite Loop
  • Dell – 1 Dell Way
  • Facebook – 1 Hacker Way
  • Genentech – 1 DNA Way
  • Microsoft – 1 Microsoft Way
  • Oracle – 500 Oracle Way
  • SunMicrosisytems – 1 Network Drive

Новите канцеларии на Facebook се при крај и наскоро се очекува компанијата да се релоцира, а во продолжение следат неколку фотографии кои беа објавени на TechCrunch:

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments