Halkbank ја најави својата нова функционалност, повлекување на пари од банкомати без картички.
Оваа функционалност ќе им биде достапна на сите корисници кои поседуваат трансакциска сметка и дебитна картичка. Секако нешто мора да се користи, па наместо картичка, корисникот сега користи телефон, поточно апликација.
Со помош на апликацијата корисникот добива 10 цифрен код. Овој код потоа се внесува на банкомат и се подига готовина. Секако, овој код може да го користи или сопственикот на сметката или некој на кој ќе му го испрати кодот.
Генерално користењето е едноставно и деталите може да ги разгледате тука. Накусо, по притискање на „Смарт Кеш“, корисникот треба да ја одбере сумата која сака да ја подигне. По што, корисникот ќе го добие кодот за банкомат преку SMS. Се до активирање на кодот, истиот може да се поништи преку прегледите.
Кодот не трае вечно, па од притискање на копчето Smart Cash до користење на кодот има 12 часа. Кодот може да се гeнерира преку Android или iOS апликација или преку веб сервисот на банката.
Од Halkbank велат дека ова е прва услуга од ваков тип во Македонија.