Нова серија Surface производи од Microsoft

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Хардвер

Microsoft претстави серија нови уреди од Surface Studio, па се до нови слушалки.

Surface Studio 2

Станува збор за прва надгадба на дектоп комјутерот кој Microsoft прв пат го претстави пред 2 години. Станува збор за еден од најинтересните уреду од компанијата, како секако и најскапиот.

Studio е десктоп наменет за дизајнери, ова може да се забележи и од 38 инчниот екранот кој истовремено е и таблет за цртање. Со оглед на тоа дека најголем дел од уредот е екран, логично е што еден поголм дел од надградбате е на екранот. Новиот дисплеј е 38 остсо посветол и со 22 отсто поголем контраст.

Надградба има и на графичките картички кои сега се Nvidia 1060 и 1070.

Основниот модел чини 3 500 долари, а продажбата започнува на 15 ноември.

Surface Laptop 2 и Surface Pro 6

Надградба „дочека“ и лаптопот на компаниајта. Surface Laptop како и хибридниот модел Pro, добија слични надграби. Процесорите i5 и i7 се надградени на последните верзии.

Подобрувањето на ладењето на Surface Pro 6 овозможи користење на нови четири јадрени процесори. Компјутерите ќе бидат дури 67 отсто побрзи пренeсе Verge.

Подобрите верзии на уредот ќе доаѓаат со 16 GB RAM. Основата верзија доаѓа со i5 процесор и чини 900 долари. Продажбата започнува на 16 октомври.

Surface Headphones

Најголемото изненадување сепак беа новите „noise-canceling“ слушалки. Surface Headphones се премиум слушалки за кои купувачите ќе треба да одделат 350 долари. Дополнително слушалките се достапни во продажба единствено во САД.

Станува збор за проект кој компанијата го развива над 3 години, и обрнато е внимание и на најситните детали.

„Microsoft Surface Headphones се сè на што се надевате во премиум noise-canceling слушалки. За почеток удобни се за носење. Перничињата се кадифени, а лентата одлично лежи на главата без преголем притисок. Тежат околу 290 грама и малку се потешки од Bose QuietComfort 35 II и Sony WH-1000XM3, не тежината не се чувствува, а изгледа дека се одлично направени, вели Дејвид Карној од CNET.

Слушалките ќе бидат достапни оваа година, но засега нема податоци за датата.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments