Нова апликација од ЈСП Скопје треба да ви помогне да пристигнете до вашата дестинација

во feature, ИТ.МК

TransInfo од ЈСП Скопје е апликација која на корисниците треба да им го олесни транспортот низ градот.

Веб сервисот доаѓа со три функционалности.  „Линии“ кои озвозможуваат корисниците да ги прегледаат автобуските линии и станиците. Освен почетната и крајната станица, корисникот може да ги прегледа и сите станици на рутата. „Станици“ овозможува за секоја постројка на ЈСП корисникот да може да види кога некој автобус е на станицата или за колку време ќе пристигне на истата. „Советник“ треба да им помогне на корисниците да пронајдат автобуска линија, но моментално не функционира баш најдобро.

За жал, иако има одлична идеја за функционалноста „Советник“, фали малку за добра реализација. „Советникот“ е премногу фокусиран на превоз со автобус, уште полошо опфаќа само дел од функционалноста на Google Maps. Пример: Од основното училиште Кочо Рацин до паркот Гази Баба Google Maps пронаоѓа четири маршрути. Најверојатно поради ограничувањата во должината на пешачење, сервисот на ЈСП не пронаоѓа ниту една.

Приказ од Google Maps

Приказ од Советник

Новите функционалности се добри иако треба да се усовршат. Што се однесува до „советникот“ во догледно време нема да ги замени Google Maps на нашите телефони.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments