Нова анализа на Facebook открива како се менуваме со возраста

Колку пријатели има просечниот Facebook корисник? Статистиката вели дека просечниот корисник има 342 пријатели. Ова не е средна вредност на бројот на пријатели туку медианата, тоа значи дека бројот на кориници кои имаат над 342 пријатели е еднаков со бројот на корисници кои имаат помалку од 342 пријатели, вели Стивен Волфрам од аналитичкиот центар Wolfram/Alphа, споделуваајќи дел од статистиката на најпопуларната друштвена мрежа.

Бројот на пријатели варира од годините. Најмногу пријатели имаат корисниците кој се околу 20 години. Бројот на пријатели расте до оваа возраст, а потоа почнува да паѓа. Тинејџерите имаат малку повеќе пријатели од тинејџерките, но бројот се изедначува со времето. Со оглед на тоа дека бројот на пријатели кои ги додаваме е поголем од бројот на луѓе со кои прекинуваме контактите на друштвената мрежа, овој број би требало да биде во постојан пораст, но поради „младоста“ на Facebook статистиката не може да го прикаже точно овој податок, вели г. Волфрам.

Интересен е распоредот на пријатели според годините, па најголем број од групите имаат најмногу пријатели кои им се врсници, освен 60 и 70 годишниците, но повторно поради недостиг на податоци, има големи отстапувања во резултатите.

Што се однесува до врските, најголем дел, дури 70 отсто, од 30 годишните корисници се венчани. Почетоците на брачните статуси започнуваат околу 20 година, а нагло опаѓаат по тресетата, со амплитутда на верениците околу 27 години. Интересно. но овие резултати речиси се поклопуваат со статистиката во САД.

Што се однесува до статусите најпопуларни се цитати или животна филозофија. Кај мажите се актуелни и спортските статуси, додека кај понежниот пол се попопуларни специјалните пригоди.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk