Нова алатка на Hylosense покажува кога може да очекуваме почист воздух

во ИТ.МК

Зима е, што значи дека квалитетот на воздухот повторно е една актуелна тема за разговор. Со оглед на тоа што квалитетот на воздухот ниту во лето не е нешто со што можеме да се пофалиме, актуелноста на темата не изненадува никого. За жал, во отсуство на системски мерки, граѓаните мора да се надеваат на природата.

Платформата Hylosense има нова алатка која предвидува кога ќе се створат услови за прекин на температурната инверзија, и со тоа, на загадувањето во котлините.

Што е инверзија

Во нормални услови, воздухот е потопол поблиску до површината на Земјата и станува поладен како што се качуваме на поголема висина. Како резултат на ова воздухот постојано се движи и се меша, па чадот и загадувањето лесно „бегаат“ на високо.

При инверзија, овој редослед е поинаков. Слој од топол воздух се наоѓа над слој од ладен воздух. Инверзијата често е опишана како невидлив капак на тенџере. Ладниот воздух е густ и тежок. Поради ова, заедно со загадувањето, останува заробен во котлините и долините (како што е Скопската Котлина). На инверзијата влијаат повеќе фактори: температура, ветер, дожд и облаци.

Алатката која ја додаде Hylosense за жал не помага со загадувањето, но помага со едноставно предвидување кога ќе се создадат услови за прекин на температурната инверзија.

„Направив алатка која прогнозира кога ќе се создадат метеролошки услови за прекин на температурната инверзија, и со тоа енормното загадување што е во котлините.

Температурната инверзија не дозволува загадувањето (од таквите како УСЈЕ) да излезе од котлината и се заробува, дополнително гушејќи нѐ сите. Штом се создадат услови за прекин на инверзијата, загадувањето излегува надвор од котлината и имаме малку воздух.“, објави Горјан Јовановски на Facebook.

Ако планирате активности на отворено проверете ја инверзијата

Алатката на супер едноставен начин ја претставува веројатноста за појава на инверзија во период од 6 дена. Поедноставената верзија ја претставува веројатноста за појава преку „ниска“, „средна“ или „висока“.

Подеталниот приказ доаѓа со процентуална веројатност за појава на инверзија во четири периоди. Првиот период е од 12 навечер до 6 наутро, а потоа се ; од 6 до 12 часот; од 12 до 18 и од 18 до 24. Дополнително, корисниците може да погледнат детали за временската прогноза и за факторите кои влијаат на инверзијата. Релевантните податоци се добиваат преку Open-Meteo API, OpenStreetMap, како и од податоците на Hylosense.

Алатката не може со 100% точност да предвиди дали ќе биде или нема да биде загадено. Сепак, ќе им помогне на корисниците да дознаат кога ќе има услови за инверзија, а кога не. Алатка може да ви помогне за да дознаете дали да планирате активности на отворено, прошетки на планина или едноставно кога е најдобро време да ги проветрите вашите домови. Алатката е достапна директно на платформата Hylosense.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments