0 коментари 2 мин. читање

Нов владетел во средната класа? Nokia 7.1 е неверојатен уред за 350 долари

Во период во кој за „флегшип“ телефон се потребни неколку стотици ако не и илјада долари, Nokia го претстави Nokia 7.1 телефонот. Ова е обид на HMD (сопственик на името Nokia) да се претстави пред широка публика, со солиден и достапен телефон.

Телефонот како најголем дел од телефоните денес доаѓа со стаклена предна и задна страна. Рамката околу телефонот е од метал што дава чувство на квалитетен телефон. Телефонот доаѓа со 5,9 инчен дисплеј со резолуција 1080р кој зафаќа најголем дел од рамката, со исклучок на забот за камера.

Што се однесува до хардверот, секако не го очекувавте најмоќниот процесор. Уредот доаѓа со Snapdragon 636 процесот и Adreno 509 графички процесор. Што се однесува до слободниот простор и меморијата, Nokia 7.1 има 64 или 32 GB флеш диск и простор за microSD до 400GB. Во зависност од моделот уредот доаѓа со 4 или 3 GB RAM.

Најголем недостаток на телефонот се камерите  и звучникот, вели Verge. Главната камера е 12 MP, f/1.8, 1.28µm, Dual Pixel PDAF, а предната 5 MP, f/2.4, 1.12µm, со сензор за длабочина.

Сепак повторно најголемата предност на телефонот е оперативниот систем, поточно програмата Android One. Ова значи дека надградбите доаѓаат од Google, што е побрзо отколку да доаѓаат од производителот. Nokia 7.1 доаѓа со Android 8.1 кој може да се надгради на Android 9.0.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top