Втората верзија на Small Star Empires на Archona Games го надмина оригиналот. Играта на KickStarter доби поддршка под 1198 поддржувачи и успеа да собере 105 117 австралиски долари. Со ова играта успеа да собере над 7.5 пати повеќе средства отколку што беа потребни за реализација на проектот.
Добра вест и за издавачот и за купувачите е дека успеаја да и отклучат сите цели. Во текот на кампањата се отклучени дури 10 дополнителни цели. Дел од целите се дополнителни раси, карти за технологија, нови неистражени системи, но мини експанзија и додавање можност за соло играње.
Small Star Empires е една од оние друштвени игри чии правила се лесни да ги научите, но за да играте вистински добро ќе треба вежбање. Играта е наменета за 2 до 4 играчи, а оваа бројка може да се зголеми до 6. Играчите ја освојуваат галаксијата и за ова добиваат одреден број на поени. На крајот се собираат поените и секако победник е играчот со најмногу поени.

Small Star Empires 2.0 започнува со испорака во ноември оваа година.







