Nokia Sea Ray со Windows Phone 7 (видео)

во Мобилни

На YouTube се појави видео од прототипот на Sea Ray, првиот Nokia телефон кој ќе работи на Windows Phone 7 мобилниот систем. Видеото постирано од Wpcentral се чини е снимена во фабрика од Кина каде се произведуваат и спојуваат телефоните.

Од тоа што може да се види од кратките 1.29 минути, Sea Ray изгледа очекувано бидејќи е сличен како Nokia N9, но тоа што е важно е Windows Phone оперативниот систем. Се работи за Mango надоградбата на мобилниот ОС која треба да донесе бројни новини и подобрувања во оперативниот систем како мултитаскинг, групи со пријатели, Bing Vision за скенирање на опции…

Не се знае кога точно ќе го видиме телефонот во продажба, но Nokia претходно најави дека ќе видиме Windows Phone телефони до крајот на 2011-та, или почеток на 2012-та.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk
за целосна понуда на продукти, на market.it.mk