Nokia и Microsoft наскоро ќе излезат со свој „фаблет“

во Мобилни

Фаблет од Nokia ќе значи дека финската компанија се откажува од Windows таблет компјутер, иако според шпекулациите компанијата размислувала за ова. Компанијата планира до крајот на годината да издаде неколку Lumia телефони од висока класа, а според Financial Times еден од телефоните ќе биде фаблет, односно телефон со огромен екран скоро до границите на таблет компјутер. Според големината телефонот ќе биде споредлив со 5,5-инчниот Galaxy Note 2 на Samsung. Моментално наголем телефон кој го произведува Nokia е 4,5-инчниот Lumia 920. Но, според неодамнешното истражување на Flurry, претставување на фаблет наместо на помал таблет компјутер, може да биде и погрешен чекор за Nokia.

Наскоро ќе биде издаден и првата Pureview Lumia. Најверојатно во јули ќе биде достапен првиот Lumia телефон so 40MP камера, вели Financial Times повикувајќи се на извори од запознаени со плановите на Nokia.

Покрај нови телефони се очекува дека наскоро Nokia ќе излезе и со бројките од првиот квартал на 2013 година. Аналитичарите предвидуваат раст од 1,1 милиони продадени уреди, односно 5.5 милиони Lumia паметни телефони. Доколку податоците се точни ова ќе покаже раст на застапеностан на Windows телефоните на пазарот, по бавниот старт.

Интересно најавувањето на Lumia фаблет ќе значи и дека барем засега Apple е единствениот производител кој не размислува за фаблет или барем јавно не излегува со идеја за промена на големината на iPhone.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments