Nokia 8 ќе биде првиот телефон од висока класа по враќањето на компанијата. Иако од Nokia ќе останe единствено брендот, HMD со новиот телфон покажува дека се на вистински пат да ја вратат и препознатливата издржливост. Ова е прв полуксузен телефон од HMD, па компанијата се надева на поголем успех.
Најважното ветување кое производителот им го дава на купувачите е дека безбедносните надградби ќе бидат имплементирани истиот ден кога ќе бидат достапни. Сите надградби, со исклучок на оние кои го модификуваат модемот ќе бидат достапни на истиот ден кога Google ќе ги издаде, пишува ArsTechnica.
Втората разлика е во можноста за истовремено користење на двете камери. Ова овозможува истовремено фотографирање на селфи и фотографија. Но, и истовремено снимање или стримање на видео со предната и задната камера. Дополнително, за Nokia 8 компанијата пронајде нов начин за подобро распоредување на загревањето низ целата површина на уредот.
Телефонот е изработен од обработен метал, а доаѓа и со дополнителен простор за microSD картичка. Надвор од ова, по хардверот, Nokia 8 не се разликува премногу од телефоните на конкурентите. Телефонот доаѓа со: Qualcomm Snapdragon 835 процесор; 5.3-инчен 2,560х1.440 IPS QHD екран; 4GB меморија; 64GB слободен простор и дуал-камера со оптика од Zeiss. Главната камера има два сензори. Двата се 13МР, едниот во боја, другиот монохроматски. Комбинирањето на податоците од двата сензори овозможуваат подобра длабочина на сликите. Телефонот доаѓа и со 360 аудио од OZO за видеата, но за жал оваа функциналност ќе биде достапна единствено за репродукција на видеото на самиот уред.
Телефонот излегува во септември, а цената на основниот модел на Nokia 8 е 600 евра.