Ниту Редиторите нe ги читаат вестите пред да гласаат за нив

во Веб

Се чини дека кул наслов е сè што е потребно за успех на било која платформа. По најголем дел од друштвените мрежи, сега има потврда дека и на Reddit се случува истото, односо вестите добиваат гласови без воопшто да бидат прочитани.

Анализата на Универзитетот Нотр Дам покажува дека во 73% од случаите, постовите на Reddit добиваат гласови без да бидат прочитани. Ова е базирано на следење на 309 корисници. За страница која има дури 234 милиони корисници, секако не е доволен примерок, констатира Motherboard.

Анализата е направена врз база на доброволно учество на корисниците на Reddit. Истражувачите најпрво направија екстензии за Chrome и Firefox, а потоа ги повикаа корисниците да учествуваат во истражувањето. Екстензијата ја регистрира интеракцијата на корисникот на Reddit.  По анализата на податоците, истражувачите дојдоа до заклучок дека најголем дел од корисниците не ја отвораат содржината. Најчесто гласот (upvote) го даваат на насловот. Дури 84% од корисниците не отвораат содржина во 50% од случаите, а 94% ја отвораат содржината во помалку од 60% случаи.

Ова е интересно бидејќи не само што покажува дека луѓето се неинформирани, туку еден дел од нив одбираат да бидат неинформирани.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments