Coinbase треба да го открие идентитетот на 14.355 корисници

во Свет

Податоците на сите учесници во трансакциите на Coinbase кои менувале над 20.000 долари мора да бидат споделени со даночната управа. Оваа одлука на судот во Сан Франциско се однесува на периодот од 2013 до 2015 година.

Податоците кои ќе се споделат со „IRS“ се целосни кориснички податоци, од корисничкиот профил до трансакциите, трансакциските записи, и кој сѐ има пристап до сметката.

Податоците за корисниците кои треба да се обjават важат за сите кои направиле трансакции над 20.000 долари. Без разлика дали продавале или купувале криптовалута.

Ова ќе и овозможи на даночната управа да пресмета данок за сопствениците на криптовалута. Во САД криптовалутата се смета како имот кога се во прашање пресметките на данок. Листата на корисници кои пријавиле криптовалути е 899, но само Coinbase има над 14.000 корисници кои треба да платат данок.

Одлуката на судот ќе овозможи даначочната управа да побара данок за сите поголеми трансакции. Првичното барање беше за сите корисници, но подоцна беше намален обемот на сметки со над 20.000 долари. Сепак и вака, бројот на корисници е голем, јави TechCrunch.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments