0 коментари 2 мин. читање 28 јануари, 2014

Nintendo ќе експериментира со Super Mario за iOS

Најпознатиот лик од видео игрите наскоро ќе се појави на моблните платформи. Nintendo веќе започна да го тестира Super Mario Bros за iOS, но играта не е класичната верзија, туку е нова мини верзија, пишува јапонскиот Nikkei. Според весникот, Nintendo ќе објави различни бесплатни мини-игри за мобилните платформи како реклама на целите верзии кои ќе се достапни за конзолите. Компанијата се надева дека ќе ги користи мобилните игри како реклама за целосните верзии достапни на Wii U или 3DS. Мобилните игри ќе доаѓаат и со опција да се купат целосните верзии преку телефон.

Nintendo досега се противеше да ги префрли игрите на мобилните платформи, но ако се земе во обзир дека компанијата се мачи да генерира приходи и да остане конкурентна помеѓу конзолите, тогаш заклучокот е дека тоа е лоша одлука. Компанијата очекува да забелеши 240 милиони долари загуба годината, пишува New York Times, и според аналитичарите се наоѓа притисната од конкуренти од сите страни, во позиција која е надвор од нејзината контрола.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top