Ни Мicrosoft веќе не верува во Windows Phone

Microsoft ќе затвори 7.800 работни места од кои најголем дел се во Windows Phone одделот. Ова веројатно ќе значи крај за мобилната дивизија на Nokia или барем обемот на телефони кои ги испорачува компанијата ќе биде значително намален. Наместо посебна мобилна платформа која не може да конкурира на iOS и Android, Мicrosoft ќе се обиде да креира унифицирана платформа. Windows 10 ќе биде за мобилни, талбет и декстоп компјутери.

„Се рефокусираме од стратегијата за креирање на телефони на стратегија која ќе креира жив Windows екосистем вклучувајќи и нашите уреди. Во догледно време ќе работиме на поефикасно и фокусирано портфолио за телефоните, но на подолг рок остануваме посветени за реинвенција на мобилните уреди“, вели Сатја Надела.

Неодмана Стивен Елоп, поранешниот директор на Nokia го напушти Microsoft, а по него замина и Џо Харлоу кој во Microsoft беше задолжен за телефоните. Како резултат компанијата ќе регистрира загуба од 7,6 милијарди долари. Microsoft ја купи Nokia во 2012 година додека компанија беше раководена од Стив Балмер. Се чини дека платформата не успеа да се „справи“ со iOS и Android телефоните, па сега Microsoft се обидува да изнајде нов начин за влез на пазарот.

Ќе мора да почекаме да го добиеме одговорот на прашањето дали двата најавени Microsoft Lumia телефони кои ќе доаѓаат со Windows 10 ќе бидат последните телефони од компанијата или Microsoft само ќе го намали бројот на различни телефони кои ќе доаѓаат под брендот Lumia.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk