Побарувањето на LG Nexus 4 е десет пати поголемо од производството на телефонот. Корејската компанија за разлика помеѓу понудата и побарувачката ги обвинува Google чии предвидувања за продажба во Британија и Германија се десет пати помали од реалната слика, вели Кети Робин од LG Mobile France.
Слично како и со Nexus 7 се повторува и ситуацијата и со Nexus 4. Телефонот на LG е распродаден веќе подолго време, всушност телефонот беше достапен единствено во првиот час на својата продажба.
Перформансите но и цената на телефонот се причините за популарноста на телефонот, но несмее да се заборави и дека доаѓа со Android 4.2- Jelly Bean. Tелефонот има четиријадрен Snapdragon S4 Pro процесор, 2GB RAM меморија и 4.7 инчен HD IPS Plus екран со резолуција од 1280×768 и 318 ppi. Телефонот чини 299 и 349 долари за верзиите со 8 односно 16 GB внатрешна флеш меморија, станува збор за цена само на телефонот без дополнителни договори со оператори.
За среќа, од средината на февруари, LG ќе го зголеми обемот на производство за Nexus 4. Па корисниците полесно ќе можат да дојдат до телефонот. Засега нема најави за носење на телефонот во Македонија, иако зголеменото производство сигурно ќе го забрза неговото доаѓање.








Ledikom имаат најавено дека ќе донесат Nexus 4, но цената ќе биде многу голема. Некаде накај 400-500 евра.