Netflix користи вештачка интелигенција за фотографии за True Crime

Netflix е најновата компанија за која е откриено дека користи вештачка интелигенција на места на кои таа не припаѓа. Слики генерирани од вештачка интелигенција се пронајдени во дел од „Вистински криминал“ (True Crime) документарците на Netflix. Сликите се пронајдени во филмот „What Jennifer Did“ кој излезе на 10 април.

Документарецот ја следи Џенифер Пан. Таа е осудена за нарачано убиство на своите родители. Започнува со телефонски повик до службите за итна помош во кој се слуша гласот на Џенифер која ја известува полицијата дека некој влегол во нејзиниот дом. Потоа „What Jennifer Did“ открива дека нејзината мајка е застрелана и убиена, а татко ѝ е критично повреден. Филмот го следи случајот и ја открива вмешаноста на други учесници.

Сепак, некој од гледачите повеќе беа заинтересирани за дел од сликите кои се искористени во серијата. Забележаа дека сликите на Џенифер, додека нејзината пријателка Нам Нгуен ја опишува како „среќна, самоуверена и многу искрена“ се помалку чудни. Прстите на Нам изгледаат неприродно, што наведува дека сликите се манипулирани. На сликата Нам со прстите прави знаци за мир, ама со малку повнимателно загледување во нив, станува јасно дека сликите се барем дотерани со вештачка интелигенција.

Сликите се ужасни, па за  заклучокот дека барем дел од нив се манипулирани не треба да се биде форензичар. На едната рака Нам воопшто нема палец и прстите и се споени, а на другата недостасува мал прст, а другите изгледаат во најмала рака чудно. Аномалии се забележани и на некои други слики. Само на една фотографија Futurism забележа 8 аномалии.

Илустрација – Futurism

Нејасно е што се случило во делот на пост продукција и како сликите стигнале до серијата. Можеби продуцентите имале една слика и сакале да направат повеќе фотографии, шпекулира Petapixel.

Аномалии (Artifacts) се забележуваат и на постерот за филмот…

„Но, употребата на технологијата за генерирање слики на вистинска личност, особено на некоја која сè уште е во затвор и ќе има право на условно ослободување по 2040 година, треба да вклучи некои аларм.

Ова не е измислување на наратив заради забава – ова е мешање со самата структура на реалноста за да се манипулира со вистинска приказна што навистина се случила.“, вели Futurism.

„Вистински криминал“ е еден од најпопуларните жанрови на Netflix. Љубителите на овој жанр поминуваат 3,8 часа неделно гледајќи ја оваа содржина на Netflix. Netflix е и најпопуларна платформа за „вистински криминал“. Дури 62% од гледачите ја гледаат оваа содржина на Netflix.

The Staircase (2004) и Making a Murder (2015) се дел од првите и најпопуларни серии во жанрот кој е супер-популарен на Netflix.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk