Компанијата која го направи најдобриот паметен термостат има нов уред. Nest наскоро би можел да претстави својата прва 4К камера, јави Androidpolice.
Nest е една од компаниите со кои започна растот на интернет на нештата. Сега има куп компании, но сепак уредите на Nest имаат поголем потенцијал. Станува збор за безбедносна камера која засега не е официјално презентирана. Сепак изворот на Androidpolice сподели повеќе податоци за хардверот на камерата.
Новата камера e Wi-Fi и ќе доаѓа со сензор за движење. Штом забележи движење, камерата зумира. Камерата снима во 4К, но презентирањето на сликите е 1080р. Ова овозможува зумирањето во сликите да биде многу подетално. Односно и зумот е резолуција 1080p. Напојувањето на камерата е преку USB Type-C, а камерата ќе биде достапна и со LED индикатор за снимањето.
Дополнително со новата камера ќе има и промени во дел од премиум услугите. Дел од премиум услугите ќе бидат префрлени на листата на бесплатни услуги. Лоша вест е што камерата е наменета за услуга во простории. Цената би можела да биде околу 300 долари, колку што чинат поголем дел од камерите на Nest.