1 коментар 2 мин. читање 7 мај, 2013

InTab – бидејќи отварање линкови во нов таб е премногу мејнстрим

InTab е нова екстензија за Google Chrome која овозможува паралелно отворање на линкови, без да си отидете од страната која ја читате. Идејата можеби не е револуционерна, но колку често ви се случува да отворате нови табови за да проверите линк?

По инсталирање на екстензијата, на менито на десното копче имате View with Intab со кое линкот ви се отвара од десната страна без отварење на нов таб. Тука ќе можете набрзина да ја разгледате веста, или да ја отворите во нов таб. За Windows побрзиот начин на отварање на линк е притискатање на Windows копчето + Alt и лев клик на линкот, по што се појавува тулбар кој ќе го подели екранот помеѓу страната која ја читате и линкот.

Со оглед на тоа дека InTab се префли од идеја до готов продукт за пет часа, нормално е да се очекуваат грешки, па екстензијата сè уште е во бета фазa и може да биде спора на моменти. Покрај Windows има и OS X верзија.

[youtube]8ugcbwmDzMc[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top