Нема простор за насилство на Олимписките игри, Overwatch и Call of Duty нема ни да бидат разгледувани

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Ладен туш за сите кои се надеваа дека ќе видат дел од најпопуларните е-спорт игри на Олимпијадата. Ако се надевавте дека League of Legends, Dota 2, Call of Duty, Counter-Strike, Overwatch ќе бидат олимписка дисциплина, имаме лоши вести. Олимпискиот комитет не ни помислува да дозволи игра на која има барем трошка насилство.

Ова го дозна AliSports кој е заинтересиран да биде спонзор на е-спорт натреварите на Олимписките игри.

„Затоа во идниот развој на е-спортот ќе се фокусираме на наслови кои се поврзани со спорт, наместо на игри кои се фокусирани на насилство и колење“, вели директорот на AliSports Жанг Дацонг за Bloomberg.

На Олимпијадата нема простор за насилство и ова ќе важи и за видеоигрите. Ова значи дека најпопуларните наслови најверојатно никогаш нема да бидат олимписка дисциплина. Олимпискиот комитет барем засега е строг по ова прашања, па се чини дека ова е решено.

Сепак ова можеби е добра вест за љубителите на спортски игри. Фудбал или кошарка би можеле да имаат и своја дигитална верзија на игрите во Париз во 2024 година.

Можеби поважно пред воопшто и да почне да се одговара на ова прашање е која е потребата на е-спорт на Олимпијадите. Една од забелешките е дека би пораснала гледаноста, но дали ова е навистина потребно?

Што се однесува до видеоигрите, тие секако се сосем поинаква дисциплина. Клучно е да бидат забавни, а дали ќе бидат дел од Олимписките игри се чини небитно. Секако организирањето на некакви игри во еспорт би можело да биде интересно. Дали државни репрезенации би биле поинтересни за гледање од наjдобрите тимови, е тешко да се претпостави.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments