Нема легаси сервери? Нема проблем! Nostalrius се враќа

во гејминг

За 1 милион корисници, најголемата најава на Blizzcon не дојде од Blizzard. Компанијата имаше неколку интересни најави: Diablo 3 добива некромансер; Overwatch има нов херој; Hearthstone наскоро ќе има нова експанзија.

Сепак за речиси милион љубители на World of Warcraft, најинтересната вест дојде од Nostalrius. Откако Blizzard не најави враќање на легаси сервери, Nostalrius најави дека со помош на серверот Elysium ќе се вратат онлајн. Ентузијастите кои работат на серверот ветуваат дека ќе ги вратат серверите заедно со старите карактери. Дополнитело изворниот код кој го имаат ќе го го направат јавно достапен, со надеж дека Blizzard ќе потклекне на притисокот на заедницата.

Засега нема податоци за точната дата за активирањето на серверите. Од тимот на Elysium ветуваат дека ќе биде креиран нов сервер Nostalrius. „Има уште многу работа, но не грижете се. Нашиот тим ќе работи додека сè не биде подготвено.“

Blizzard претходно годинава се сретна со тимот на Nostalrius. Тогаш започнаа шпекулации за легаси World of Warcraft под Blizzard. За жал ова сè уште не се случило, па Nostalrius одлучи дека тие ќе се вратат за да го овозможат оригиналното искуство. Притисокот за враќање на легаси сервери врз Blizzard е прилично голем. Компанијата доби петиција од 250.000 потписи, поддржана од поранешни девелопери на играта и влијателни креатори на содржина на YouTube.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk