Не го заборавaјте Facebook, мобилната апликација e заслужна за 10% од интернет сообраќајот

0 коментари 1 мин. читање

Вообичаено кога зборуваме за користење на интернет прелистувачи, помислуваме на Google Chrome, можеби Mozilla или Safari па дури и Opera и Edge. Секако последна на памет ни е мобилната апликација на Facebook.

Сепак анализата во САД покажа дека дури 10% од вкупниот мобилен интернет сообраќај доаѓа преку Facebook. Ова не е доволно да ја стави друштвената мрежа на прво место, но секако е доволно да биде додадена во листата.

Facebook има над 10% интернет сообраќај во:

  • Вашингтон (13,74 %)
  • Род Ајленд (13,14%)
  • Montana(12,64%)

Секако ова е далеку помалку од Safari. Во САД доминираат Apple и iPhone и тоа лесно се забележува и од овие податоци. На Safari отпаѓа 58,06 од сообраќајот, на Chrome 32,48, и на Facebook 8,82. На сите преостанати им остануваат 0,64%, јави TechCrunch.

Секако ова е интересно податок. За прв пат некоја апликација прави доволно сообраќај да се вмеша со прелистувачите. Facebook секако преку рекламите ќе профитира од ова.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top