Новата надградба на Skype ќе ја врати едноставноста и ќе се врати кон стариот изглед, најави Microsoft.
Промените главно се однесуваат на дизајнот и отстранување на дел копчињата и полињата кои го преполнуваа екранот. Промените за мобилното мени значат дека сега ќе има единствено 3 копчиња: „Chat“, „Calls“ и „Contacts“.
Целта не е единствено да се испразни екранот од секакви контроли кои го преполнуваат екранот, туку и да се олесни навигацијата низ апликацијата.
Една од функционалностите која заминува од Skype e Highlights. Highlights е копија на Snapchat која овозможува споделување на видео и слика кое трае краток период. За попрегледна навигација отстрането е и копчето за фотографирање, а функционалноста постои внатре во разговорите.
Но, освен мобилната, промени доаѓаат и на десктоп верзијата. Поместени се копчињата за „текст разговор“, „повик“, „контакти“ и „нотификации“. Најголемата промена е направена за полесно пронаоѓање на контакти.
Новата верзија на Skype ќе биде достапна со Skype 8.29.
За малиот број на корисници кои го користеле Highlight и Capture, Microsoft ќе овозможи период до 30 септември за преземање на содржината.