Научете како да пишувате Вики статии

0 коментари 2 мин. читање

Фондацијата Метаморфозис во соработка со здружението на граѓани Викимедија Македонија неодамна објави сеопфатен прирачник (.pdf) за уредување на вики статии за Википедија на македонски јазик и за Wiki.mk, што е сајт за локалните заедници. Целта на овој проект е да се промовира вики-технологијата како евтино и ефикасно решение за недостигот од информации од локално значење.

Во прирачникот е објаснето што е тоа вики-технологија и што можат викијата да направат за нас. Исто така и детално е објаснето како може да се уредуваат викија, како да се создаваат внатрешни и надворешни врски, објаснување за тоа што се наводи и зошто се користат, додавање слики и други мултимедијални содржини, додавање табели, додавање и создавање категории.

На крај од прирачникот има и објаснување за администрација, за тоа како да се стане администратор, и кои се администраторски функции, како и за злоупотреба на додатните функции.

Прирачникот е наменет пред се за Wiki.mk проектот кој има за цел да ја подигне јавната свест за активно граѓанско учество преку нови технологии, преку јакнење на капацитетот на невладините организации и активисти за нивно користење, со цел да се промовира вики-култура на слободно споделување знаења и слободна соработка, но е корисен и за објавување на онлајн енциклопедијата Википедија која неодамна стигна до неверојатната бројка од 50.000 статии на македонски јазик, но и

Прирачник можете да го преземете од веб сајтот на Метаморфозис.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Мени
Заедница
Изглед