0 коментари 1 мин. читање

Научете ги основите на програмирањето со новиот курс на ФЕИТ

Факултетот за електротехника и информациски технологии повторно организира курс со кој ќе им помогне на граѓаѓаните да се запознаат со основите на програмирањето. Овојпат курсот се одржува 5 пати, што претставува своевиден мини јубилеј.

Code@FEIT2017 ќе се одржи од 11 до 15 септември. Слушателите ќе може да се запознаат со основите на програмирањето и дизајнирањето алгоритми, а ќе имаат можност, преку интерактивна настава, практично да преточуваат проблеми во алгоритми и потоа, во програмски код.

„Целта на курсот е да се покаже нов пристап кон програмирањето, да ги мотивира младите да учат програмирање и да креираат софтверски апликации. Интерактивната настава ќе ја покрие наставниот и соработничиот кадар на Институтот за компјутерски технологии и инженерство и кадар од Факултетската компјутерска лабораторија“, објаснува професорката Марија Календар.

Програмскиот јазик кој се користи е JAVA кој иако е посложен од Python на пример, сепак е дел од програмата на факултетот. Предност во селекцијата ќе имаат сегашните и идни студенти на ФЕИТ. Цената е 500 денари за студентите на ФЕИТ и 1.000 денари за надворешните учесници.

Пријавувањето е отворено заклучно со 7 септември, а листата на кандидати кои ќе го следат курсот ќе биде објавена на 8 септември. Заинтересираните може да се пријават на [email protected], повеќе податоци за курсот може да пронајдете на веб сајтот на ФЕИТ.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top