0 коментари 2 мин. читање 9 мај, 2017

Научете ги основите на музиката со Learning Music

Ако некогаш сте сакале да се обидете да креирате сопствена музика, но се плашите бидејќи сметатe дека не знаете доволно, имаме добра вест. Learning Music на Ableton ќе се обиде прво да ви ги објасни основите на електронската музика, иако добар дел се однесува на повеќе жанрови.

Во „лекциите“ има простор буквално за сè. Започнува од креирање на едноставна музика, за потоа подетално да ги објасни основите на: ритам; темпо; инструментите кои се користат; ноти и скали; акорди и куп други корисни податоци. Ова нема да биде комплетно без куп, кул примери на препознатливи песни, кој ги има за сите теми. Ако ве интересира креирањето на музика, алатката е одлична. Иако започнува со основите има доволно податоци дури и за оние кои веќе се занимаваат со музика.

Алатката изгледа дека ќе им биде најкорисна на професори кои ја предаваат оваа материја. До Learning Music ќе можат и попрактично да ја презентираат.

Без разлика колкаво ви е теориското познавање, ништо не ве спречува да го користие онлајн инструментот за забава. Теоријата секако не е најзабавниот дел од музиката, па започнете со креирање на вашата музика.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top